Ракометниот клуб Бутел се прости од својот ракометар Денис Тот, кој почина денеска на клиниката КАРИЛ во Скопје на 27-годишна возраст.
Тот минатото лето потпиша за Бутел од редовите на Охрид, се наметна како еден од лидерите на скопскиот суперлигаш, но трагично го загуби животот во се уште неразјаснети околности, откако рано утрово бил донесен во скопската клиника без срцева реакција.
„Со длабока тага и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот Денис Тот. Го изразуваме нашето најдлабоко сочувство до семејството и најблиските. Денис, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш“, објави Бутел на официјалниот клупски фејсбук-профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА