Ракометарите на Тиквеш успеаја да стигнат до првата победа во 4. коло од разигрувањето во Суперлигата на Македонија, славејќи во драматичен натпревар на гостувањето против Охрид со 26-28.
Во генерално израмнет натпревар низ текот на сите 60 минути, сепак гостите од Кавадарци го диктираа ритамот уште од стартот на дуелот па на полувремето заминаа и со три гола предност (12-15).
Во второто полувреме охриѓани тргнаа поагресивно во одбраната и решително во нападот, доаѓајќи до негатива од само еден гол во последните секунди од средбата. Сепак, на десет секунди до крајот Тиквеш го постигна погодокот за конечен триумф од 26-28 откажувајќи ги охриѓани од можноста за бод.
Тиквеш со првата победа, и 4 бода, изби на четвртата позиција на табелата пред Еурофарм Пелистер 2, додека Охрид остана на делба на петтото место, заедно со Еурофарм Пелистер 2, со само еден бод од четири дуели во Суперлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА