Насилна смрт била причината за смртта на ракометарот на РК Бутел, Денис Тот, пренесува телевизија Телма. Тие се повикуваат на свој извор од скопското обвинетелство, кој вели дека обдукцијата во Судска медицина покажала причина за неговата смрт е дека удар во главата, односно повреда на мозокот.
Како што пренесува Телма, потврда за ова добиле од Скопското обвинителство, кои биле веќе усно известени, а сега ја чекаат целосната документација за да отворат предмет. Од Телма соопштуваат дека Инволвирани се три лица, од кои две, дечко и девојка, се веќе приведени, а третиот е во бегство. За случајот се обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб во парк.
Кога тргнале да си одат, се степале, по што Тот паднал во бесознание, а останатите си заминале. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

