Јоноски не е повеќе тренер на Интерактив, екипата ќе ја води Филип Лазаров

Ацo Јоноски не е повеќе тренер на германскиот Интерактив. Поранешниот македонски репрезентативец и клубот се разделија, а за в.д. тренер е назначен уште еден поранешен македонски репрезентативец Филип Лазаров. Токму Лазаров ќе ја води екипата на утрешното регионално Куп финале во Германија. Сепак, според зборовите на претседателот на клубот, на Јоноски ќе му биде понудено да остане во клубот, но во друга улога.

Јоноски беше дел од оваа екипа како играч, а по завршувањето на играчката кариера ја почна и тренерската кариера. Интерактив оваа година беше блиску да се искачи ранг погоре, но со поразот во последното коло го загуби првото место и не успеа да се пласира.

Во минатото покрај Интерактив Ратинген играше во Бергишер, Ла Риоха, Металург, Босна, Сент Гален, Вардар, Бешикташ и Пелистер. До 2018 година беше и дел од репрезентацијата, а во моментов ја извршува задачата на помошник на селекторот Кире Лазаров.

Се вчитува...