Црногорскиот интернационалец Балша Цејовиќ е нов ракометар на ракометниот суперлигаш ГРК Охрид, потврдија од клубот.
Десното црногорско крило ќе биде на располагање од следната сезона на тренерот Горан Андоновски.
Цејович иако има само 22 години, има голема кариера зад себе. Има настапувано за Морнар во својата држава, за Паок и Диомидис во Грција и Бенидорм во Шпанија. Има настапувано во сите младински категории за Црна Гора, а беше и на поширокиот состав за европското првенство оваа година за сениорската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА