Македонецот Андоновски испиша историја – САД дозволи настап на репрезентативка со хендикеп! (ВИДЕО)

Репрезентативката на САД, Карлсон Пикет е фудбалерката која испиша историја откако стана првиот играч што заиграл во националниот тим, а има хендикеп. Пикет е родена без еден дел од левата рака, но тоа не ѝпретставуваше проблем да го оствари сонот, да заигра за селекацијата на САД.

На дуелот против Колумбија, селекторот на САД, македонскиот тренер Влатко Андоновски, ја вметна Пикет во стартниот тим и таа го одигра целиот меч во победата од 2-0.

„Карлсон добро тренираше изминативе дена и среќен сум што одигра добри 90 минути“, изјави селекторот Андоновски по победата на САД над Колумбија.

По крајот на мечот Пикет не ги криеше емоциите, па изјави дека ова бил посебен натпревар на кој ќе се сеќава до крајот на животот.

„Чувството да се биде различен и вознемиреноста да не се вклопам е нешто низ коешто сум поминала“, порача Пикет, споделувајќи како носела дуксери во текот на летото за да ја сокрие раката. „Овој месец е навистина навистина посебен, важен и треба да се слави“, задоволно коментира фудбалерката.

 

 

 

Се вчитува...