Македонските ракометарки го доживеаја и вториот пораз во Групата Б на Медитерански игри во Алжир.
Во вториот меч на Медитеранските игри ракометарките загубија од Србија со 18-26 (8-10), и покрај тоа што речиси 50 минути беа комплетно рамноправни на терен со противничките.
Во израмнет меч, Македонија во 43. минута имаше израмнет резултат (16-16), се до 50 минути и негатива од само два гола, но во финишот се потклекна за конечен пораз, далеку поубедлив од прикажаното на терен.
Најефикасни во македонскиот табор беа Кипријановска и Дукоска со по пет постигнати гола, по три погодоци запишаа Седлоска и Арсениевска, а кај Србинките најдобра беше Јована Јововиќ со осум постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА