Барјактаревиќ е нов ракометар на Скопје

Македонскиот ракометен суперлигаш, Скопје се засили со српскиот интернационалец, Жарко Барјактаревиќ. 25-годишниот десен бек доаѓа од редовите на Струга, а во Македонија беше дел и од тимот на Јуниор Кисела Вода.

Клубот претходно го потврди ангажманот на тренерот Горан Кузманоски, а досега дојдоа и голманот Никола Радовановиќ, крилото Дамјан Јакимовски, како и пивотот Игор Трајковски.

Се вчитува...