РК Бутел доведе уште двајца млади ракометари во своите редови

Ракометниот суперлигаш на Македонија, Бутел потпиша договор со двајца талентирани млади ракометари. Се работи за Илија Табаков кој доаѓа од редовите на Борец од Велес како и Андреј Петрушевски кој доаѓа од Вардар.

И двајцата ракометари имаат по осуманесет години, што значи дека Бутел и тоа како размислува да биде расадник на млади таленти во Македонија. Претходно во Бутел Скопје дојде и левото крило Дамјан Субашевски од Металург РА, а беа потпишани професионални договори со петмина ракометари од младинската школа.

 

Се вчитува...