Дибиров: Загреб е клуб со богата историја, среќен сум за овој нов предизвик!

Веќе екс-ракометарот на Тимур Дибиров и официјално е претставен како ново засилување на ППД Загреб. Рускиот ас по девет години го напушти Вардар и со хрватскиот шампион потпиша договор на една сезона.

Дибиров за клупскиот сајт изјави дека е среќен што во иднина ќе носи дрес на клуб со богата историја и големи успеси.

„Многу сум среќен што доаѓам во Загреб, клуб со богата историја и клуб од чии редови произлегоа многу големи имиња на хрватскиот и европскиот ракомет. Очекувам големи работи во Загреб, знам дека ќе го дадам максимумот на секој тренинг и натпревар и мислам дека заедно можеме да постигнеме добри резултати. Среќен сум за овој нов предизвик“, изјави Дибиров.

По потписот со Вуко Борозан, Словенецот Аљаж Пањтар и Србинот Милан Милиќ, Дибиров е четвртото големо засилување на ППД Загреб за следната сезона во која повторно ќе игра во Лигата на шампионите.

Се вчитува...