Новиот тренер на македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер утрово го имаше првиот собир со екипата на стартот на подготовките за новата сезона во која покрај во домашното првенство тимот од Битола ќе биде дел и од Лигата на Европа.
Данскиот стратег на првиот собир вели дека од тоа што го видел досега верува во тимот што го има дека е квалитетен.
„Имаме само еден месец до почетокот на официјалните натпревари. Првиот дуел е против Мешков Брест на 25 август и немаме многу време. Затоа ќе треба можеби да играме малку повеќе ракомет отколку што тоа нормално го правиме и напорно да работиме на физички план. Ќе биде интересно да видиме како ќе изгледаме за четири недели, бидејќи е краток период, но мислам дека ќе успееме. Досега, тест резултатите се одлични, и почнуваме напорно да работиме. Досега не игравме ракомет, ова е наш прв тренинг со топка. Но, од тоа што го видов, видео записите и натпреварите, мислам дека имаме добар тим. Се работи се добри личности, два дена сме заедно и мислам дека „дишеме“ добра работна атмосфера. Луѓето сакаат да работат и оптимист сум за тоа што ни следи. Не исклучувам можност за уште некое засилување летово“, изјави Валтер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА