Ракометниот вицешампион на Македонија, Еурофарм Пелистер денеска го имаше првиот собир пресрет подготовките за новата сезона каде покрај во домашниот шампионат, битолчани ќе бидат дел и од Лигата на Европа и СЕХА лигата.
Едно од најзвучните засилувања за „пелистерци“ летово е искусниот македонски пивотмен, Жарко Пешевски кој по неколку години поминати во најсилната ракометна лига во Европа, Бундеслигата направи кам-бек во Македонија.
Тој по првиот тренинг вели
„Не размислував долго кога почнаа преговорите, видов максимална заинтересираност од двете страни. Најдовме заеднички јазик и дојдов во Битола. Среќен сум, доаѓам со „полн куфер“ амбиции и желби и мотивиран сум да помогнам во овој амбициозен клуб. Еурофарм Пелистер расте во последните четири години откако заминав од Македонија во Бундеслигата. Верувам дека ќе помогнам да почне овој клуб да освојува титули и да го заземе местото кое го заслужува. Морам да признаам дека со голем респект како и ние Македонците кои работевме во странство, така и сите ракометни работници, гледаат на овој клуб. Еурофарм Пелистер од ден на ден расте во сериозен клуб, клуб во кој одлично се работи и секоја нова сезона амбициите и апетитите растат. Оваа сезона е идеална шанса да ги оствариме желбите во целост“, изјави Пешевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА