Дибиров: Ситуацијата во Вардар е мачење, сето тоа веќе нема значење

Руското крило Тимур Дибиров по девет години го напушти Вардар и следната сезона ќе настапува за хрватскиот великан, ППД Загреб.

Поради долговите кои ги има кон поранешните ракометари, Вардар годинава доби забрана за учество во Лигата на шампионите, па тоа беше аларм за руското крило веднаш да го напушти клубот и да премине во редовите на хрватскиот шампион кој ќе биде дел од елитата.

Русинот во интервју за хрватскиот портал „Спортске новости“ говореше за времето во Вардар, но и причината поради која го напушти двократниот европски шампион.

„Едноставно моја беше одлуката да преминам во Загреб. Сакав да продолжам да играм во Вардар, но не сакам само да играм, сакам и да победувам. Она што се случи во Вардар е само мачење што веќе нема значење. Секако дека сум посебно врзан со Вардар и во Скопје се чувствувам како дома, но јас сум професионалец и решив да ја прифатам понудата на Загреб. Фрустрирачки е кога чувствуваш немоќ, нешто што јас го доживеав минатата сезона во Вардар. Пристигнувам во Загреб тим кој знае да победува“, изјави Дибиров. 

Се вчитува...