Ракометарите на битолскиот клуб, Еурофарм Пелистер ги продолжуваат подготовките за новата претстојна сезона. Тимот објави дека по утринската тренинг сесија, Ларс Валтер и стручниот штаб заминале на еднонеделни базични подготовки во Маврово.
Битолчани ќе минат седум дена и напорно ќе тренираат, без пријателски натпревари.
Погледнете како изгледа списокот на повикани ракометари:
Голмани:
Урбан Лесјак
Марко Кизиќ
Леви крила:
Цветан Кузманоски
Гоце Ојлески
Бојан Маџовски
Леви бекови:
Руди Сери
Дејан Кукуловски
Емилијан Ѓорговски
Средни бекови:
Вилсон Дејвис
Павле Атанасијевиќ
Марио Танкоски
Десни бекови:
Усама Хосни (се приклучува директно во Маврово)
Павле Петровиќ
Мартин Велковски
Десни крила:
Мирко Радовиќ
Ненад Костески
Кружни напаѓачи:
Жарко Пешевски
Денис Васиљев
Дефанзивец:
Милорад Кукоски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА