„Црвено-црните“ и официјало ги стартуваа подготовките за новата сезона. Предводникот на тимот Владо Недановски ги свика своите ракометари, барем оние кои останаа и официјално означи старт на подготовките.
Македонскиот стратег во пресрет на првиот тренинг го изнесе и своето мислење.
„Проблемите кои ги доживеавме остануваат зад нас. Ќе се однесуваме исто како да играме во Лигата на шампионите. Ние сериозно го сфаќаме и македонското првенство, амбициите на Вардар 1961 секогаш се познати – освојување на титулите.
Вардар во новата сезона ќе се натпреварува на два фронта, во Суперлигата и СЕХА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА