Георгиевски: Младите играчи ќе „експлодираат“ во новата сезона, ќе биде тешко против Еурофарм Пелистер…

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар 1961 ги започна подготовките за новата сезона без дел од предвидените засилувања и со неколку заминувања по неуспехот за добивање дозвола за учество во Лигата на Шампионите следната сезона.

Сепак лошото лето е зад вардарци, а погледот е веќе насочен кон одбрана на титулата во домашното првенство како и успешна кампања во СЕХА лигата.

„Мислам дека најдобро за нас е да го заборавиме овој период и се што се случуваше во врска со неиграњето во Лигата на Шампионите. Тоа треба да го оставиме што поскоро зад нас и да се насочиме кон тоа што следи во македонското првенство и СЕХА лигата. Имаме релативно млада екипа, доста изменета во однос на претходната сезона. Сакам добри подготовки, успешни и сите да останат здрави. Гледам потенцијал во оваа екипа, има доста млади играчи кои мислам дека ќе експлодираат и ќе докажат дека нивното место е во Вардар“, вели Георгиевски кој потоа се осврна и кон новата сезона на домашно тло и најголемиот ривал Еурофарм Пелситер.

„Амбициите се исти, освојување на шампионската титула во Македонија. Ќе биде тешко го имаме ривал Пелистер против кој секоја сезона е се потешко, но мислам дека тоа е добро за македонскиот ракомет и квалитетот на истиот. Мислам дека ќе гледаме уште една интересна ракометна сезона во Македонија“

Се вчитува...