Познати групите за Струшкиот турнир: Вардар со Целје, Пелистер со АЕК

Новото издание на традиционалниот Струшки ракометен турнир ќе се одржи летово од 16 до 20 август на отвореното игралиште крај „Женска плажа“ во Струга .

Домаќинот Струга ќе биде дел од групата А, каде ќе се најде и македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер, потоа грчкиот состав АЕК, како и повеќекратниот словачки шампион Татран Прешов.

Вардар ќе ја предводи групата Б во Струга, но „црвено-црните“ нема да имаат нималку лесна задача ако се знае дека за противник ќе го имаа словенечкиот гигант Целје, како и скопските суперлигаши Бутел и Алкалоид.

Се вчитува...