Новиот ракометен проект во Македонија, РК Алкалоид ги стартуваше подготовките за новата сезона во која ќе го има дебито во Суперлигата.
Легендата на македонскиот ракомет Кирил Лазаров кој ќе ја има улогата на шеф на стручниот штаб ги построи своите ракометари на првиот тренинг во салата во Автокоманда.
Овој тим беше фомиран минатата година, а предводен од Љубомир Савевски на доминантен начин го освои првото место во Првата лига и обезбеди влез во елитното друштво, каде ќе биде предводен токму од Лазаров.
Акцент целосно е ставен на македонските играчи, па така покрај бројните млади ракометари кои обезбедија влез во елитата, ангажирани беа домашни засилувања, и тоа голманот Трајковски, пивотот Никола Маркоски, како и бековите Митев и Младеновиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА