Македонија е домаќин на кадетско СП за ракометарки

Скопје и Македонија од денеска па се 10 август ќе бидат домаќини на Светското првенство за ракометарки што ќе се одржува во три сали во главниот град (СЦ Борис Трајковски и во големата и во малата сала од „Јане Сандански“). Ова ќе биде прв ракометен мундијал во младинските категории со 32 земји учеснички, а актуелен шампион е Русија, која нема да учествува поради санкциите од ИХФ и ЕХФ поради воениот конфликт со Украина.

Осум селекции ќе дебитираат на светското првенство во оваа возрасна категорија, и тоа Алжир, Фарски острови, Гвинеа, Исланд, Индија, Иран, Сенегал и Швајцарија. Она што што СП во Македонија ќе остане запаметено е и фактот дека ќе биде првото големо натпреварување што ќе се одржи со новиот модел на ракометна топка Молтен д60 Про, за која не се користи дополнителен лепак како што е случај со останатите топки кои досега беа користени.

Ракометната селекција на Македонија ќе биде дел од групата Б и за противници ќе ги има репрезентациите на Иран, Сенегал и на Узбекистан, каде нашите кадетки се фаворитки за првото место.

Се вчитува...