Тинекс Пролет со денешниот прв тренинг и официјално ги стартуваше подготовките за новата сезона, во која целта ќе биде влез во плејофот, а потоа и борба за места кои водат во ракометна Европа. Првиот тим и во новата сезона ќе го води Алексо Лембанов, со што Тинекс Пролет покрај во младите ракометари, доверба укажува и на млади ракометни стратези.
Нови ракометари на клубот од скопската населба се македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски, потоа повратникот во клубот Александар Василевски и црногорскиот голман Данило Михаљевиќ, кои беа дел и од денешниот прв тренинг. Со првиот тим сезонава ќе тренираат и ќе настапуваат и тројца кадетски репрезентативци на Македонија, кои по настапот на ЕХФ шампионатот за националниот тим ќе се приклучат на тимските подготовки.
Екипата на Тинекс Пролет утре заминува на осумдневни подготовки во Пехчево, а по враќањето во Скопје веднаш ќе следи и учество на турнир во Врање. Овој турнир ќе се одржи на 12 и 13 август, кога Тинекс Пролет ќе ги одмери силите со Динамо Врање и со Базел од Швајцарија.
Потоа тимот се враќа во Скопје, по што кон крајот на месецот ќе следи и учество на турнир во Охрид, на кој покрај домаќинот ГРК Охрид ќе учествуваат уште и екипите Тиквеш и на Партизан од Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА