Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва против Исланд ќе го одигра решавачкиот натпревар за пласман меѓу осумте најдобри на Светското првенство до 18 години кое се одржува во Скопје.
Селекторот Љубомир Савевски пред натпреварот вели дека ова ќе биде меч да се биде или не.
„Ова е натпревар да се биде или не за нас. Очекувам Шведска да го победи Иран со голема разлика, па затоа ние самите ќе мора да решаваме против Исланд. Тоа што Исланѓанките веќе се пласирани во четвртфиналето ништо не менува, бидејќи ќе сакаат да како првопласирани да влезат меѓу осумте најдобри. Очекувам голема борба од наша страна се познаваме со Исланд дел од оваа генерација ја победивме минатата година во финалето на ЕХФ шампионатот. Ќе повторам уште вечерашниот натпревар ќе биде да се биде или не“, изјави селекторот Савевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд кој ќе се игра во арената „Борис Трајковски“ во Скопје е со почеток во 20.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА