Двата битолски суперлигаши Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 денеска одиграа пријателски меч во салата „Боро Чурлевски“, како дел од подготовките на овие два тима за наредната натпреварувачка сезона.
Дуелот според договорот на двајцата тренери се играше на три третини од по 20 минути, при што првиот тим на „пелистерци“ славеше со 29-24. Стратезите им дадоа шанса на сите ракометари, да покажат што знаат и умеат во пресрет на предизвиците што ќе ги очекуваат двата тима, како на македонската така и на европската ракометна сцена.
Сери и Пешевски постигнаа по пет гола за победничкиот тим, додека Дејвис го заврши мечот со четири погодоци. Во таборот на Еурофарм Пелистер 2 најефикасни на денешниот контролен меч беше Николовски, Стоилевски и Петар Атанасијевиќ со по три погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

