Веспрем е првиот тим што обезбеди учество на фајналфор турнирот од СЕХА-лигата откако унгарскиот гигнат рутински славеше на гостувањето против Татран Прешов со 25-35. Според пропозициите во четвртфиналето се игра само еден меч, така што Веспрем со оваа победа стигна до билет за завршниот турнир што следниот месец ќе се одржи во Задар.
Татран Прешов солидно парираше во првото полувреме што заври со водство на гостите од 15-18. Сепак, во вторите 30 минути пресудија квалитетот и искуството на унгарскиот состав, кој набрзина се одлепи резултатски и стигна до заслужена победа. Елисон, кој дојде во Веспрем на местото на Дејан Манасков, беше најефикасен со седум погодоци, шест гола постигна Нилсон, а пет Пешмалбек.
Македонските претставници за десетина дена ќе ги одиграат своите четвртфинални натпревари, Вардар на 23 август ќе го пречека Нексе, а два дена подоцна Еурофарм Пелистер во Битола ќе биде домаќин на Мешков Брест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА