Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ не го криеше задоволството од освоениот златен медал на ЕХФ-шампионатот во Летонија.
На свечениот прием за златните момчиња организиран од претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, македонскиот селектор нагласи дека ракометарите покажаа карактер, верба и борбеност што е силно ветување за иднината на македонскиот ракомет.
„Среќни сме што покажавме дека оваа генерација има сериозен квалитет. Се до финалето сите натпревари ги добивме убедливо, а и во финалето покажавме класа. Момците покажаа еден победнички карактер, силна верба и борбеност до крај што треба да биде темел за нашиот изглед на терен и во иднина. Токму карактерот мислам и дека на крај не однесе до посакуваната цел“ – истакна Стојановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА