Алкалоид беше подобар во второто полувреме, па во завршните десет минути влезе со два гола предност (24-22), но Словенците направија пресврт со серија од 4-1 за да дојдат до предност, а во последните секунди од средбата со гол од пенал Целје дојде до победата.
Александар Стојков со пет гола и Мартин Серафимов со четири беа најдобри поединци кај Алкалоид, а Тилен Стрмљан со пет беше најефикасен кај Целје.
Денешниот дуел го одбележа и исклучувањето на три минути пред крајот на првото полувреме на двајцата тренери Кире Лазаров од Алкалоид и Алем Тоскиќ од Целје, кои влегоа во непотребен вербален конфликт поради што предвреме беа отстранети од мечот.
За Алкалоид ова е втор пораз после вчерашниот од Вардар со 22-24, додека Целје стигна до победа со 30-20 против Бутел. Вечерва Вардар го игра мечот од ова второ коло во групата Б против Бутел и ако слават црвенп-црните, во следното трето коло ќе се води битката за финале во меѓусебната пресметка на македонскиот првак и Словенците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА