Еурофарм Пелистер од денеска е посилен за тунискиот репрезентативец Мохамед Суси кој стави потпис на едногодишна соработка со можност за продолжување на договорот на уште две сезони во согласност со двете страни.
Долгогодишниот репрезентативец на Тунис доаѓа во Битола по долги години елитен ракомет во Франција бранејќи ги боите на Трембле и Монпелје со кој три години настапуваше во Лигата на Шампионите, а во 2018 година стана и европски шампион.
Суси има преку сто настапи за туниската репрезентација, настапи на три Светски првенства и еден олимписки ракометен турнир. Со својата селекција го освои првенството на Африка во Габон во 2018 година, а две години подоцна беше сребрен на домашен терен. Со Тунис има и сребро на Медитеранските игри во Тарагона во 2018 година.
193 сантиметри високиот Суси веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Ларс Валтер на тренинзите на екипата во Струга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА