Ракометниот суперлигаш на Македонија, ГРК Тиквеш го официјализираше четвртото засилување пред стартот на новата сезона. Станува збор за стружанецот Славчо Шулески кој беше дел од кадетската и јуниорска репрезентација на Македонија.
Тој доаѓа од редовите на Охрид, а во кариерата настапуваше и за Струга.
„Кадетскиот и младински репрезентативец на Македонија, кој на последните две првенства беше прогласуван за МВП. Средниот бек Славчо Шулески е најновото засилување на ГРК ТИКВЕШ 2014 и веќе денес ќе го има својот прв дебитантски настап за екипата. Со ова најново засилување ГРК ТИКВЕШ 2014 создава и младинска екипа која ќе има значајна улога во младинското првенството“, стои во соопштението на ГРК Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА