Екипата на Охрид го освои третото место на турнирот „Крсте Андоновски – Усташ“ чиј домаќин е токму овој тим, откако во денешното мало финале славеше над Пролет со 27-23. Како пресудно се покажа одличното второ полувреме што го одиграа охриѓани, кои знаеја како да го свртат резултатот во своја полза и да стигнат до триумф.
Мечот почна во знакот на гостите од Скопје, кои набрзина поведоа со 2-5, а при резултат 3-7 домашниот тренер Андоновски беше принуден да побара тајмаут. Советите вродија со плод и Охрид одговори со три погодоци во низа, по што се влезе во израмнета игра и на одмор се замина со минимално водство на Пролет од 13-14. Скопјани со голот на Јагуриновски поведоа со 16-18 во почетните минути од вториот дел, но како што одминуваше времето, така Пролет се потешко го наоѓаше патот до мрежата на охридскиот состав.
При резултат 22-20 за Охрид следеше тајмаут на гостинскиот тренер Лембанов, но Пролет не успеа да се врати, Охрид до крајот на мечот уште повеќе ја зголеми предноста и славеше со конечни 27-23.
Во големото финале од овој турнир ќе се сретнат Тиквеш и Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

