Супер-купот во ракомет ќе се игра во Охрид

Охрид и салата „Билјанини извори“ ќе бидат домаќини на мечот од Супер-купот на Македонија со кој традиционално се отвора новата ракометна сезона на домашната сцена.

Ракометната Федерација на Македонија заедно со ГРК Охрид ќе го организира овој дуел, во кој ќе се сретнат вечните ривали Вардар и Е. Пелистер, меч закажан за 11 септември.

За потсетување, Е. Пелистер е бранител на трофејот во Супер-купот на Македонија откако лани неочекувано лесно го совлада Вардар со 31-22.

Се вчитува...