Ракометниот вицешампион на Македонија, Еурофарм Пелистер вечерва на домашен терен ќе го пречека Белорускиот, Мешков Брест во последниот четвртфинален натпревар од годинашното издание на СЕХА лигата.
Битолчани се полни со самодоверба пред денешниот меч. Тренерот на „пелистерци“, Ларс Валтер вели дека неговиот тим е подготвен за овој дуел…
„Подготвени сме за официјалните натпревари. Работевме многу овој месец, одигравме контролни натпревари, а целта ни беше натпреварот против Мешков Брест. Ќе играме против искусен тим, со многу вакви натпревари и ние го почитуваме. Подготвени сме за овој предизвик, се надевам дека ќе победиме и ќе играме на Ф4 турнирот во Задар“, рече Валтер.
Слично размислува и Никола Костески…
„Ја започнуваме новата сезона, ни следи првиот официјален натпревар. Напорно се подготвувавме за овој битен дуел. Многу битен натпревар за сите нас. Со победа ќе се квалификуваме на завршниот турнир на СЕХА лигата, а тоа би бил преголем успех за сите нас. Мешков Брест е одлична екипа. Без разлика што имаат измени во ростерот, сепак костурот на белоруската репрезентација е во овој тим. Добро се воиграни, играат заедно и се работи за респектабилен тим. Очекуваме поддршка од трибините, нашиот „осми играч“ ќе ни биде најпотребен. Не се сомневам дека ќе биде исполнета салата. Битола живее за овој спорт и верувам дека со наша добра игра и нивна поддршка ќе се радуваме на пласман на „фајнал-фор“ на СЕХА лигата“, изјави Ненад Костески.
Натпреварот кој ќе се игра во арената „Боро Чурлевски“ во Битола е закажан за во 20.15 часот, а победникот од овој меч ќе им се приклучи на Веспрем, ППД Загреб и Нексе на Ф4 турнирот во Задар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА