Кил купува ракометар од Фарските острови

Фарските Острови ќе добијат свој ракометар во германскиот гигант Кил доколку се реализираат најавите дека „зебрите“ во најскоро време ќе го официјализираат ангажманот на Елијас Елефсен, ракометарот кој блесна за младинската репрезентација на Ф. Острови за време на последниот европски шампионат.

Елефсен настапува на позицијата среден бек и имаше низа фантастични настапи на овој европски шампионат, меѓу нив и дуелот со Норвешка на кој Фарските острови славеа токму благодарение на овој ракометар, кој реализираше 12 гола и 11 асистенции.

Тој го носи дресот на шведскиот прволигаш Савехоф, но според медиумите во Шведска, начелно ги договорил деталите околу трансферот во Кил. Останува да се види дали „зебрите“ ќе почекаат до наредното лето за да го доведат новиот суперталентиран бек во своите редови или ќе побрзаат и ќе платат отштета на Савехоф за трансферот да биде реализиран во текот на летово.

Се вчитува...