Ал Ахли го совлада ППД Загреб и го освои трофејот во Добој

Египетскиот тим Ал Ахли е победник на турнирот во Добој. Во финалето на 53. издание на најстариот ракометен турнир египетскиот претставник славеше над хрватскиот шампион со минимални 28-27 и се запиша на вечната листа на победници.

Најдобар стрелец на финалниот меч беше Тимур Дибиров со осум гола, од кои седум од пенал. Во ростерот ги немаше повредените Борозан, Мандиќ и Кавчиќ, а не играше ниту Иван Чупиќ. Стефан Додиќ настапи за хрватскиот тим и постигна два гола.

На турирнирот настапи и словенечкиот тим Целје, тие требаше да играат за третото место, но решија предвреме да си заминат од турнирот.

 

Се вчитува...