Кил преку Магдебург до титула во германскиот Суперкуп

Ракометарите на Кил стигнаа до првиот трофеј во новата сезона во германскиот ракомет. Тие вечерва славеа над Магдебург во Суперкупот со 33-36.

Првото полувреме ни донесе неверојатен атомски ракомет на двете страни во кој ниту една од екипите не успеа да се одлепи па на пауза резултатот на семафорот изнесуваше 16-16.

Во второто полувреме продолжија во ист ритам и двете екипи, но сепак на крајот голманите на Кил, Ландин и Мрква ја направија клучната разлика за конечен триумф од 33-36.

Се вчитува...