Ракометниот вицешампион на Македонија Еурофарм Пелистер денеска го очекува историскиот дуел со Веспрем во полуфиналето на „фајнл-фор“ турнирот во СЕХА лигата во Задар, место кое беше обезбедено благодарение на победата над Мешков Брест по изведувањето на пенали во Битола.
Фаворитската улога во ова полуфинале му припаѓа на унгарскиот великан, но битолчани немаат што да загубат. Токму за тоа говореше и данскиот стратег Ларс Валтер кој верува во својот состав…
„Кога бев дете Пелистер беше голем клуб. Кога си на моите години понуда од клуб како Еурофар Пелистер не се одбива. Во последните неколку години овој клуб напредува и сака да се бори за титули и за големи нешта. Постоеше шанса да дојдам со високи амбиции во клубот и таа шанса не ја испуштив. Ние сме тим во изградба, имаме десет нови ракометари и нов тренер и падови и подеми се нормална појава. Водевме цело време против Мешков Брест, го имавме Урбан на голот и со малку среќа победивме. Од недела во недела се подобруваме. Нема што да загубиме утре во полуфиналето. Но, да бидеме реални утре мора да бидеме многу добри и по натпреварот да се погледнете во огледало и да кажеме дека го дадовме најдоброто од себе. Ништо не се знае, ова е спорт и сите опции се отворени“, вели стратегот.
Сличен став има и словенскиот голман Урбан Лесјак…
„Првите впечатоци од Битола се одлични. Веднаш почувствувавме дека сме во градот на ракомет. Луѓето таму „луди“ по овој спорт и што е многу важно – го разбираат спортот. Верувам дека ќе ни бидат голема поддршка во текот на сезоната. Да не размислувавме дека имаме шанси немаше ни на дојдеме во Задар. Натпреварот почнува со 0-0 и верувам дека ќе се претставиме во најдобро светло. Залсуживме да бидеме тука и да се натпреваруваме со најдобрите“, вели Лесјак.
Натпреварот кој ќе се игра во арената во Задар со почеток во 20.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА