Валтер разочаран: Мислев дека ќе имаме проблем со давањето голови, но одбраната…

Ларс Валтер има причина за загриженост по слабото издание на „пелистерци“ во вечерашното полуфинале од СЕХА-лигата против Веспрем.

Еурофарм Пелистер ја имаше улогата на аутсајдер во пресрет на мечот, но данскиот стратег мора да биде разочаран пред се од недоволната енергија во играта во одбрана.

„Кога ќе излезеш на терен против тим како Веспрем, мора да се обидеш со нешто невообичаено затоа што тие се далеку подобар тим од нас. Презедовме голем ризик со играта седум на шест, примивме многу голови на празна мрежа и преку контри. По две минути почнавме да ја губиме самодовербата.  Мислев дека давањето голови ќе ни биде проблем денес, но ме изненади што тоа беше одбраната. Загубивме против најдобриот тим, но сигурно не требаше да примиме толку голови“, изјави Валтер.

Се вчитува...