Шампионот Вардар рутински ја стартуваше одбраната на титулата во ракометната Супер-лига, триумфирајќи со убедливи 25-38 на гостувањето против Вардар Неготино.
„Црвено-црните“ од самиот старт наметнаа темпо што домашните ракометари не можеа да го следат, поведувајќи со 2-7 и со 3-8. Извраниците на Недановски на одмор замнаа со предност од 13-21, позитива што актуелните прваци дополнително ја зголемија до конечните „плус тринаесет“ на овој натпревар.
Сите ракометари со исклучок на голманите Гогов и Томовски се запишаа меѓу стрелците за Вардар, а најефикасни беа Моралес со седум и Манасков со пет погодоци. Ташев и Кочаров со по пет гола беа најефикасни во таборот на Вардар Неготино на премиерниот меч од новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА