Анѓело Ѓеорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски денеска пред судот се изјаснија дека не се виновни за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Хрватот почина по добиените повреди по тепањето откако сите четворица биле во дискотеката “Привилиџ” во април годинава во Градски парк.
Како што образложи обвинителката, по излегување од клубот обвинетите се упатиле кон такси и влегле. По нив одел и Тот кој сакал да им се придружи. Тогаш излегол Андреј и влегол во вербална расправија со ракометарот, а потоа од таксито излегла и Клементина која го оттурнала Тот. Во тој момент излегол од возилото и Анѓело кој ја тргнал Клементина и со тупаница во глава два пати го удрил Тот, кој паднал на асфалтот. Тогаш Андреј со нога го удрил во телото, а Клементина Левковска во глава, па уште два пати во глава кога Ангело ја отргнаувал, а Андреј уште еднаш со тупаница во глава. Пред да влезат во такси Клементина пак се отргнала и со нога го удрила во гради.
Поради барање на адвокатот на Левковска да се одложи рочиштето, oдбраната на сите тројца обвинети не даде воведен збор, а Судот наредното судење го закажа за 14. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

