Вардар утре во Охрид ќе излезе на мегдан со Еурофарм Пелистер во обид да стигне до пехарот во Супер-купот на Македонија, пресметка за која тренерот Владо Недановски фаворитската улога му ја препушта на битолскиот клуб.
Стратегот на „вардарци“ е свесен дека поголемата ротација може да биде значајна предност за „пелистерци“ на овој натпревар, но и најавува дека неговиот тим е подготвен за борба, да стори се што може за да стигне до трофејот.
„Имавме можност да ги гледаме на повеќе натпревари како играат, иако тоа не значи дека така ќе играат и на Супер купот. Знаеме дека Еурофарм Пелистер е добар тим со повеќе играчи и повеќе ротации. Тоа и го прави нивниот тренер, а ние тој луксуз го немаме сезонава. Имаме ние свои квалитети. Тоа го покажавме со Нексе. Таа е една од подобрите екипи. Издржавме тркачки на целиот натпревар. Тоа го нема Еурофарм Пелистер. Физички сме подготвени да издржиме цел таков натпревар. Па и тактички сме подготвени. Знаеме што не очекува“, вели Недановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

