Вардар 1961 вчера загуби во драматичен мен против Еурофарм Пелистер (22-23) и втора година во низа не успеа да дојде до трофејот во Суперкупот на Македонија.
По поразот, своја анализа за натпреварот даде и Борко Ристовски, според кого „црвено-црните“ сепак ќе бидат тимот што ќе се радува на шампионскиот пехар на крајот од сезоната.
„Кога ќе се измерат силите, сметам дека ние сме поквалитетни, но Еурофарм Пелистер има подолга клупа и тоа нè става на 50-50%. Ние чекориме цврсто на земја, без разлика на овој резултат. Без ароганција, ама ние веруваме и сме убедени дека пак ќе бидеме шампиони. На почетокот Еурофарм Пелистер водеше, па потоа и ние бевме во предност. Сметам дека на наши грешки го добија натпреварот, но мора да се нагласи дека резултатот е реален и треба да напредуваме за да го достигнеме ривалот“, изјави Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА