Трагична вест утрово го потресе македонскиот ракомет, откако на 47-годишна возраст почина познатиот македонски тренер Андон Бошковски. Станува збор за стратег кој остави трага во сите македонски клубови кои нешто значат и репрезентацијата на Македонија.
Од него се збогува буквално целата ракометна јавност, која жали за прераното заминување на стратегот кој беше еден од најголемите работници во мак-ракометот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

