Филип Кузмановски и неговиот Хановер пропуштија убава шанса да направат вистинска сензација во 5. коло од новата сезона во ракометната Бундеслига. Хановер падна во финишот и загуби против големиот фаворит Кил со 27-29.
Домаќините му парираа на големиот ривал во текот на целото прво полувреме и по 30 минути игра имаа негатива од само два гола 13-15. Хановер одлично го отвори и вториот период во кој во еден период имаше и плус четири (24-20), но падот во финишот го чинеше пораз.
„Зебрите“ беа најдобри кога беше најпотребно и со одлична игра во финишот на крајот сепак стигнаа до тешка победа од 27-29.
Македонскиот ракометар го заврши натпреварот со еден постигнат гол од два упатени удара кон противничкиот гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА