Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби со 26-27 во првиот пријателски натпревар против Б репрезентацијата на Норвешка. Натпреварот беше одигран во СЦ „Борис Трајковски“ и истиот беше од затворен тип.
Македонија беше подобриот противник во првото полувреме во кое „црвено-жолтите“ ги предводеше Леонида Гичевска со шест гола. Солиден настап имаше и голманката Мицевска па Македонија имаше предност од 17-14 по 30. минути игра. Норвежанките одговорија со далеку подобра игра во второто полувреме, а не само што успеаја да ја намалат негативата се радуваа и на победа со гол во последната секунда.
Вториот натпревар кој ќе биде одигран во сабота од 16 часот ќе биде отворен за публиката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА