Охрид го доби „езерското дерби“, Алкалоид триумфално од Неготино

Охрид ја совлада екипата на Струга со 24-22 на гостински терен, и го доби „езерското дерби“. Охриѓани успеаја да победат со голем пресврт, откако Стружани имаа предност на полувремето со 12-10.

Шешиќ со шест гола и Озтурк со пет беа најефикасни кај победничкиот тим, додека најефикасен воопшто на мечот е Блажески кој постигна осум.

Алкалоид со 39-25 триумфираше на гостувањето во Неготино кај Вардар. Избраниците на Кирил Лазаров немаа никакви проблеми, и на полувремето заминаа со огромни осум разлика (16-8), а потоа до крајот само ја зголемуваа предноста за +14 на крајот.

Серафимов, Стојковиќ и Симоноски со по шест гола беа најефикасни во таборот на гостите. Ист број на голови постигна и домашниот ракометар Ташев, но недоволно за добар резултат во дуелот со фаворитот.

Се вчитува...