Данскиот интернационалец Себастијан Хененберг е ново засилување за македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер.
Данецот доаѓа од екипата на Алборг. 28-годишникот кој е висок 197 центиметри игра на позицијата лев и централен бек.
„Особено задоволство ни претставува што денес можеме да го претставиме првиот дански ракометар кој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Нов член на нашиот клуб е Себастијан Хенеберг, кој потпиша договор до крајот на сезоната и веќе го започна тренажниот процес со новата екипа. 28-годишниот Хенеберг доаѓа во Битола од данскиот првак Алборг и игра на позициите лев и среден бек. Висок е 197 сантиметри, тежок 101 килограм и неколку години по ред настапува во Лигата на шампионите. Хенеберг блесна во Силкеборг и Архус и во сезоната 2019/20 потпиша за норвешкиот првак Елверум. По една сезона во овој клуб и сите освоени трофеи, потпиша за Алборг, од каде што доаѓа во Битола. Неговото деби се очекува следната недела на натпреварот против Пролет од седмото коло на групата Б на Суперлигата“, стои во соопштението на Еурофарм Пелистер.
Покрај Алборг во кариерата настапуваше и за Бјерингбро Силкеборг, Архус и норвешки Елверум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА