Најверните вардарови навивачи „Комитите“ се обидоа да им возвратат на грчките навивачи на ПАОК кои денеска во центарот на Скопје нападнаа момче во дрес на Вардар.
По дознавањето за тој инцидент, „Комитите“ организирано се обиделе да влезат во салата во „Јане Сандански“ каде женскиот тим на ПАОК играше со Металург, но полицијата навреме спречила поголема физичка пресметка со гостинските фанови од Солун.
Откако не успеале да влезат во салата, „Комити“ во втор обид ги чекале Грците на излезот од Скопје и се обиделе да го запрат автобусот, но повторно полицијата со брза реакција спречила поголем инцидент. „Комити“, откако, не успеале во намерата да го запрат автобусот, решиле да го каменуваат истиот, но според информациите од полицијата, за среќа, нема повредени лица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

