Селекторот на женскиот национален тим Љубомир Савевски, го состави списокот на ракометарки на кои ќе смета на престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора во ноември.
Савевски состави список од 20 ракометарки, на кои ги нема повредените Марија Штериова и Елена Ѓоргиевска, две искусни ракометарки кои сигурно ќе даде свој голем придонес во играта на нашиот национален тим.
Најсилен адут за Македонија секако е ракометарката на ЦСКА Москва, Сара Ристовска која игра во голема форма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА