Еурофарм Пелистер 2 сигурен со Јуниор, Тиквеш подобар од Голден Арт

Еурофарм Пелистер стигна до нов триумф во ракометната Суперлига на Македонија откако вечерва славеше на гостувањето кај Јуниор Кисела Вода со 28-33. Гостите уште во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околу победникот, откако на пауза заминаа со предност од седум гола 12-19. Во второто полувреме само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 28-33.

Ненад Белистојаноски со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 10 погодоци на Дарио Симоноски.

И ГРК Тиквеш стигна до победа откако славеше на домашен терен над Голден Арт со 28-21. Гостите од Скопје одлично му парираа на фаворитот во првото полувреме и на пауза заминаа со негатива од само два гола 12-10. Сепак, во второто полувреме пресуди искуството на домаќините кои успеаја да го урнат отпорот на гостинот и на крајот да стигнат до конечен триумф од 28-21. Стахиња Симиќ повторно беше прво име кај кавадарчани завршувајќи го мечот со осум гола. Кај поразените по пет постигнаа Шилегов и Илиев.

Се вчитува...