Вардар доминантно до „осум од осум“

Вардар ја продолжи победничката серија од стартот на Супер-лигата откако актуелниот првак во осмото коло стигна до осмиот триумф, убедливо славејќи над Вардар Неготино со резултат 41-19.

Очекувано, „црвено-црните“ наметнаа темпо што гостите од Неготино не можеа да го следат, па по почетните 3-3 следеа пет гола во низа на скопскиот состав, кој почна да ја зголемува предноста и уште во првиот дел обезбеди двоцифрена предност (17-7). Негојтинци намалија на седум гола разлика до крајот на полувремето (18-11), но вторите 30 минути минаа во целосна доминација на актуелните шампиони, кои на крајот славеа со конечни „плус 22“.

Дури тринаесет различни ракометари беа стрелци за Вардар, меѓу нив и голманот Гогов, а најефикасни беа Чувара со осум и Моралес и Мишевски со по четири погодоци. Најдобар стрелец во таборот на Вардар Неготино при денешниот убедлив пораз беше Ѓорѓи Ташев со пет гола.

Се вчитува...