Ракометарите на Струга со рутинска победа на гости го совладаа тимот на Куманово со 27-30 во рамките од осмото коло на ракометната Супер-лигата.
Гостите сол гол го отворија овој меч, па веднаш ја наметнаа својата игра. Одлично одиграа во нападот и одбраната, па предноста од два до три гола ја одржуваа до крајот на првото полувреме (13-16).
Во вториот дел Струга само го потврди својот квалитет. Уште на почетокот направија серија од четири плус, па ваквата предност рутински ја одбранија до последниот свиреж на судијата.
Влатко Тасевски со пет погодоци ги предводеше домаќините, додека кај гостите се истакнаа Петар Бугариновиќ и Никола Цветаноски со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА