Пријателскиот меч помеѓу селекциите на Русија и БИХ, кој требаше да се игра на 19. ноември во Санкт Петербург, нема да се игра, одлучи фудбалската федерација на БИХ.
Босанците претходно го пролонгираа носењето на конечната одлука, но на најновата седница на Извршниот одбор одлучено е мечот да не биде одигран. Дури пет членови на Комитетот за итни прашања гласале да не биде одигран мечот, додека еден бил против.
Русите не можат да најдат селекција со која ќе играат пријателски меч. За потсетување дека селекцијата на Русија е избришана од сите натпреварувања. Оваа репрезентација беше исфрлена од баражите за пласман на Мундијалот, а нема да игра ниту во квалификациите за пласман на ЕВРО 2024 во Германија. УЕФА се реши да ги суспендира и руските клубови поради инвазијата врз Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА